• четврток, 05 септември 2024

Престрелка на автопат во САД: Шестмина ранети, осомничениот е уапсен

Престрелка на автопат во САД: Шестмина ранети, осомничениот е уапсен

Вашингтон, 4 септември 2024 (МИА) - Најмалку шест лица се ранети во неселективно пукање на автопатот Интерстејт 5 во близина на Сиетл, САД.

Според медиумските извештаи, осомничениот бил уапсен откако седум возила биле погодени од куршуми.

Двајца од ранетите се во критична состојба.

Полицијата не даде повеќе информации за можните мотиви на напаѓачот.

Според податоците, ова е 37-ми случај на престрелка на патиштата во окрогот Кинг Каунти оваа година, додека во државата Вашингтон биле регистрирани 57 вакви инциденти. ссм/

фото: архива

Остани поврзан