• петок, 05 декември 2025

Премиерот Мицкоски на настан од Германско-македонската стопанска комора, можност за размена на искуства

Премиерот Мицкоски на настан од Германско-македонската стопанска комора, можност за размена на искуства

Скопје, 19 ноември 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствувал на настан организиран од Германско-македонската стопанска комора, кој, како што вели бил одлична можност за вмрежување и запознавање со актуелните трендови и иницијативи во бизнис-заедницата.

-Денеска присуствував на настанот организиран од Германско-македонската стопанска комора, каде што имав можност да слушнам корисни презентации и да размениме искуства со присутните. Настанот беше одлична можност за вмрежување и запознавање со актуелните трендови и иницијативи во бизнис-заедницата, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.

На состанокот присуствувал и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Раст на економијата, нови инвестиции и нови работни места е приоритет број еден. Политиките што ги спроведуваме ги насочуваме директно кон остварување на овие цели. Благодарност до Германската амбасада, до Германското стопанство во Македонија и Германскиот економски тим за придонесот и поддршката кон реализација на економските политики, напиша Николоски на неговиот фејсбук профил.

Соработката со нашите меѓународни партнери, додава тој, нуди силна поддршка во поттикнување на економскиот раст, стабилноста на државата и одржливиот развој. сст/вг/

Остани поврзан