• сабота, 21 декември 2024

Премиера на театарската претстава „Глад“, во режија на Хана Миленковска и продукција на Атриум

Премиера на театарската претстава „Глад“, во режија на Хана Миленковска и продукција на Атриум

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Во Младинскиот културен центар во Скопје денеска ќе се одржи премиерната изведба на театарската претстава „Глад“, во режија на Хана Миленковска и продукција на Атриум.

Авторскиот тим состоен од режисерката Хана Миленковска, драматургот Калија Киселички и композиторот Ади Имери, како што стои во соопштението, ја поставува драмата што се бави со ненаситноста и гладта, од емоционална и физичка гледна точка. Делото се стреми да посочи дека циклусот на гладта не е изолиран, туку дека всушност претставува една вечна борба на човекот и колективите.

Актерите Лео Поповиќ, Дениз Ајдаревиќ, Марко Младеновиќ, Филип Миленкоски и Димитар Паскоски ќе претстават микрокосмос од сложени човечки емоции и односи, во мноштво од контексти, кои на драмско-музички основ ќе ги доближат позициите на (над)моќ, страдание, заедништво и борбена истрајност во еден свет во кој изобилието го уживаат малкумина, додека пак, гладта непрестајно владее. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и ЕВН. цр/нд/

Фото: МКЦ

 

 

Остани поврзан