• вторник, 05 ноември 2024

Премиера на „Безвременски прикаски“

Премиера на „Безвременски прикаски“

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Претставата „Безвременски прикаски“ во кореографија и режија на Ирена Лозинска вечер премиерно ќе биде изведена во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

Според авторката, „Безвременски прикаски“ е музичко-сценски и танцов перформанс кој опфаќа седум раскази на Франц Кафка. Четирите актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски - авторот на музиката за претставата, со својот ханг (ударен музички инструмент), ја дополнува атмосферата со живи музички ефекти, додека визуелните ефекти се на Доријан Миловановиќ.

Во претставата играат:  Исидор Јованоски, Ана Левајковиќ-Бошков, Хакан Даци и Нела Павловска.

-Претставата трае 45 минути и нуди уникатна можност за актерите да се изразат преку иновативни танцови форми и да ја искористат својата способност за импровизација, се наведува во најавата за претставата која е поддржана од Министерството за култура. мд/хс/

Фото: Ирена Лозинска

Остани поврзан