• понеделник, 23 декември 2024

Презентација на компаративна анализа од истражување за степенот на менструалната сиромаштија

Презентација на компаративна анализа од истражување за степенот на менструалната сиромаштија

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - Во пресрет на Меѓународниот ден за подигнување на свесноста за менструалното здравје, Здружението Новинари за човекови права денеска организира кафе разговор за менструалната сиромаштија. 

Како што информираат од Новинари за човекови права, на средбата ќе биде презентирана компаративната анализа од истражувањето за степенот на менструалната сиромаштија во Северна Македонија, Србија и Албанија. Истражувањето е подготвено во рамки на проектот „Управување со ризик во секторот за вода, санитација и микропластика во регионот на Балканот“, поддржан од Министерството за животна средина на Германија и во партнерство со „WECF International“.

Од невладината посочуваат дека на средбата со новинарите ќе ги презентираат и достигнувањата што изминатата година ги направивме, како и барањата за унапредување на женското здравје кои ќе ги испорачаат во вторник.

Новинари за човекови права веќе 10 години се залага за искоренување на менструалната сиромаштија во Северна Македонија и во регионот.фф/лв/

Фото: Принтскрин 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан