• петок, 05 декември 2025

Предупредување од Државна лотарија за играчите на интернет игри на среќа

Предупредување од Државна лотарија за играчите на интернет игри на среќа

 

 

Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби. Односно, да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и одговорно приредени. Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека исклучиво таа има законско право да приредува лотариски, инстант лотариски и интернет игри на среќа на територијата на државата. Секоја појава на трета страна, која неовластено користи визуелни елементи, лого или други обележја што претставуваат интелектуална сопственост на Државна лотарија, претставува нелегално користење и кршење на законските прописи, со што се доведува во заблуда јавноста и се нарушува довербата во легалниот систем за игри на среќа. Секогаш избирајте легално. Изберете Државна лотарија, изберете ја единствената легална платформа за интернет игри на среќа megawin.mk.

Играј одговoрно, играј сигурно.

Државна лотарија

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

 

Напомена:

Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан