• недела, 26 јули 2026

Предлог измените на Законот за автокампови, оди на натамошна постапка во Собранието

Предлог измените на Законот за автокампови, оди на натамошна постапка во Собранието

Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за автокампови, поднесен од група пратеници, со скратена постапка, оди на натамошна постапка во Собранието. Предлог законот денеска беше на дневен ред на 64 седница на  собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. Претресот по единствената точка на дневниот ред, беше затворен, откако никој од присутните не побара збор на седницата. Немаше поднесено ниту амандмани.

На седницата беше кажано дека Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, беше поднесен од група пратеници,  по скратена постапка.

​Материјалот, Комисијата го разгледа како матично работно тело. свд/са/

Фото: МИА архива