„Предизвици и можности во процесот на проширување на листата на лекови кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување“
- Политички дијалог на високо ниво „Предизвици и можности во процесот на проширување на листата на лекови кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување“ ќе се одржи денеска, во 9:30 часот, во Свечената сала на Владата.
Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Политички дијалог на високо ниво „Предизвици и можности во процесот на проширување на листата на лекови кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување“ ќе се одржи денеска, во 9:30 часот, во Свечената сала на Владата.
Како што информира владината прес-служба, на отворениот дел од настанот воведни обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Арбен Таравари, Наташа Азопарди Мускат, директор за здравствени политики и системи во регионалната канцеларија на СЗО за Европа и Аким Али, претставник на СЗО за Северна Македонија.
По обраќањето на настанот, Мицкоски ќе даде изјава за медиумите во Медија центарот на Владата. мд/
Фото: МИА архива