• недела, 07 јули 2024

Предвидувањата на Клоп за Бруно Фернандеш

Предвидувањата на Клоп за Бруно Фернандеш
Манчестер, 27 април 2020 (МИА) - Уште од неговите први натпревари за Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш стана клучна фигура во составот на Оле Гунар Солскјер. Португалскиот ас веднаш покажа што знае, а неговиот придонес не помина незабележан, а тој ја освои и индивидуалната награда за најдобар во првиот месец во Премиер лигата. „Мирор“ извади интересен коментар на менаџерот на Ливерпул, Јурген Клоп за Фернандеш по контролната на тимот од Мерсисајд и Спортинг (Лисабон) во текот на летото. Двете екипи ремизираа 2-2 во Њујорк, при што португалскиот играч од средниот ред го постигна првиот и асистираше за вториот гол на неговата екипа. После натпреварот, Клоп отиде да му честита на Фернандеш, велејќи му: „Добра игра. Ти беше добар. Честитки за одличниот натпревар. Ти си врвен играч“. На прес-конференцијата, Клоп повторно беше запрашан да ја коментира играта на Фернандеш, кој уште тогаш беше поврзува со Манчестер Јунајтед. - Ако тој оди таму, тогаш ќе се соочиме со него. Тој очигледно е многу добар фудбалер. Веќе има неколку во Јунајтед, но овој трансфер веројатно ќе ги направи посилни. Нема да биде пријатно, но трансфер плановите на Јунајтед не се моја работа, коментираше тогаш Клоп.

Остани поврзан