• понеделник, 23 декември 2024

„Превртена археологија – Човекот кој игра меѓу фактите и архетиповите“ - изложба на Вилсон Нето

„Превртена археологија – Човекот кој игра меѓу фактите и архетиповите“ - изложба на Вилсон Нето

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Ликовниот уметник Вилсон Нето вечер во Музејот на Град Скопје ќе ја прикаже својата самостојна изложба „Превртена археологија – Човекот кој игра меѓу фактите и архетиповите“.

Куратори на изложбата се македонско-францускиот куратор Гордана Велков и бразилско-германскиот куратор Алдонсо Паласио. Проектот е имплементиран од фондацијата „Македонида“ од Скопје, во партнерство со Музејот на Град Скопје.

Проектот бил инспириран од археолошките артефакти од римскиот локалитет Скупи, за којшто се грижи Музејот на Град Скопје.

Вилсон Нето веќе подолго време се занимава со истражување на артефакти - детски играчки кои датираат од периодот на антиката. Изложбата вклучува 13 платна од голем формат од серијата Коментари од 2023, 32 дела сликани на хартија од серијата – Хомо луденс – како и седум ликовни претстави на хартија, инспирирани од играчките пронајдени на локалитетот Скупи.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Германската амбасада од Скопје и ќе биде отворена до 29 мај.бт/хс/

Фото: плакат

Остани поврзан