Прв „Фестивал на зелката“ во делчевското село Тработивиште
- Во делчевското село Тработивиште денеска ќе се одржи манифестацијата „Зелкијада 2021“. Организаторите на настанот информираат дека вниманието ќе биде насочено кон подготовка на јадења од зелк
Делчево, 14 ноември 2021 (МИА) - Во делчевското село Тработивиште денеска ќе се одржи манифестацијата „Зелкијада 2021“. Организаторите на настанот информираат дека вниманието ќе биде насочено кон подготовка на јадења од зелка и храна што може да се приготви од домашна зелка.
Во рамки на „Зелкијадата“ предвидено е подготовка на подварок, сарма, свадбарска зелка и други специјалитети по кои се препознатливи селот0 Тработивиште и реонот на Пијанец.
- Настанот има за цел да им се посвети внимание на производителите на зелка и оние кои сакаат да дознаат повеќе за новите сорти, технологија на производство, преработка и маркетинг на зелка и производи од зелка, велат организаторите.
Како дел од програмата на Фестивалот предвидени се и изложби на земјоделски производи и културно уметничка програма со настап на локални изведувачи и групи. вс/ки/