• петок, 22 ноември 2024

Прво олимписко финале за полските одбојкари по 48 години

Прво олимписко финале за полските одбојкари по 48 години

 

Париз, 7 август 2024 (МИА) – По пауза од 48 години полските одбојкари повторно ќе играат за златниот олимписки медал откако вечерва во полуфиналето на Игрите во Париз ја совладаа американската репрезентација со 3-2.

Полјаците до големиот триумф ги предводеше натурализираниот Кубанец, Вилфредо Леон Венеро со 26 поени, а 15 реализираше Норберт Хубер.

Најистакнатите кај Американците беа Метју Андерсон со 24 поени и Арон Расел со 20 поени.

За Полска ова е второ олимписко финале во машка одбојка, За прв пат тоа им успеа во 1976 година во Монтреал, каде го освоија златниот медал победувајќи ја репрезентацијата на СССР со 3-2 во финалето.

Во финалето на турнирот во Париз, Полска го чека победникот од полуфиналната пресметка меѓу Италија и Франција. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан