Првиот лет на „Астра“ неуспешен
- Ова беше прва практична мисија на „Астра“ за НАСА, но беше неуспешна бидејќи горниот дел на „Ракетата 3.3“ почна неконтролирано да се движи по одвојувањето во првата фаза. Самото лансирање ми
Хјустон, 10 февруари 2022 (МИА) - Комерцијалниот деби-лет на вселенската компанија „Астра“ беше неуспешен, а како последица беа четири и изгубени сателити.
Ова беше прва практична мисија на „Астра“ за НАСА, но беше неуспешна бидејќи горниот дел на „Ракетата 3.3“ почна неконтролирано да се движи по одвојувањето во првата фаза. Самото лансирање мина без проблеми, што значи дека проблемот е во одвојувањето.
https://youtu.be/8jlQmW7mnYM
Во оваа неуспешна мисија беа уништени четири сателити - три во сопственост на универзитети кои се надеваа дека ќе имаат можност да спроведат вселенски експерименти, а четвртиот ѝ припаѓа на НАСА. Овој беше наменет за тестирање брзи и евтини методи на производство и проверка на мини-сателити „Кјубсат“.
Компанијата издаде соопштение во кое се извини за неуспехот, а повеќе подробности ќе бидат познати по анализата на податоците. Ова лансирање беше одложено неколкупати поради повеќе проблеми.
Ова е петти обид на „Астра“ да стигне до Земјината Орбита. Ниеден не беше успешен. си/