• недела, 22 декември 2024

Прва прослава на Божик според Грегоријанскиот календар во Украина

Прва прослава на Божик според Грегоријанскиот календар во Украина

Киев, 24 декември 2023 (МИА) - Украинските православни христијани денеска присуствуваа на богослужбите додека земјата се подготвува по првпат да го прослави Божик на 25 декември, откако владата го смени датумот на прославата од 7 јануари за да се дистанцира од Русија.

Многу православни цркви, вклучително и руската, ги слават празниците според јулијанскиот календар, каде Божик се паѓа на 7 јануари, а не според Грегоријанскиот календар што се користи во секојдневниот живот и во западните цркви.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во јули потпиша закон за поместување на прославата на 25 декември, велејќи дека ќе им овозможи на Украинците „да го остават руското наследство на наметнување на божиќните прослави на 7 јануари“.

Промената на датумот е дел од забрзаните потези по руската инвазија на Украина за оддалечување на земјата од нејзиното руско и советско наследство, што вклучува преименување на улиците и отстранување на споменици, наведува РСЕ.

Православната црква на Украина официјално се одвои од Руската православна црква поради руската анексија на Крим во 2014 година и нејзината поддршка за сепаратистите во источна Украина.

Политичкиот раскол доведе до тоа свештеници, па дури и цели парохии да се преселат од една во друга црква, а новата православна црква на Украина рапидно расте и презеде неколку црковни згради поврзани со Русија, со поддршка на украинската влада. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан