• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Првата претседателка на Намибија, Нанди-Ндатива положи заклетва

Првата претседателка на Намибија, Нанди-Ндатива положи заклетва

Виндхук, 21 март 2025 (МИА) – Намибија денеска ја доби првата претседателка во историјата. Нетумбо Нанди-Ндатива денеска положи заклетва.

Нанди-Ндатива (72) е политичарка со долгогодишно искуство. Таа претходно беше потпретседателка на Намибија, беше и министерка за екологија како и за меѓународни прашања.

Нанди-Ндатива на минатогодишните претседателски избори беше кандидат на а Народната организација на Југозападна Африка.

Таа истакна дека за време на петгодишниот мандат ќе се залага за правата на жените и децата, ќе се обиде да ја намали невработеноста кај младите. Нанди-Ндаитва вети и инвестиции во одржлива енергија, во земјоделството и во инфраструктурата на Намибија.

Нанди-Ндатива е трета претседатела во Африка, по поранешната претседателка на Либерија, Елен Серлиф Џонсон и актуелната претседателка на Танзанија, Сами Сулух Хасан. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан