• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Швајцарија ја исклучи нуклеарната централа во Дотинген заради дефект на приклучната мрежа

Швајцарија ја исклучи нуклеарната централа во Дотинген заради дефект на приклучната мрежа

Берн, 24 март 2025 (МИА) – Швајцарската нуклеарна централа во Дотинген, во близина на границата со Германија, вчеравечер автоматски беше исклучена поради дефект во приклучокот на мрежата, објави денеска операторот Акспо.

Електраната била исклучена поради дефект, објави Акспо, додавајќи дека за време на исклучувањето, нерадиоактивна водена пареа се испуштала во воздухот над покривот на делот од централата што не бил вклучен во нуклеарни реакции.

Дефектот во приклучокот на електричната мрежа е пронајден само во еден реактор и експертите во моментов се обидуваат да ја утврдат причината. Засега не е познато кога реакторот би можел да се рестартира.

Нуклеарните централи Безнау 1 и Безнау 2 се наоѓаат и во Дотинген, на околу седум километри од границата со Германија. Тие беа пуштени во употреба во 1969 и 1971 година и се меѓу најстарите активни нуклеарни централи во светот.

Швајцарија одлучи постепено да ја укине нуклеарната енергија, но активните електрани можат да продолжат да работат додека не им истечат безбедносните дозволи. Според сегашните планови, Aкспo ќе ги деактивира Безнау 1 и 2 во 2032 и 2033 година.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан