• петок, 22 ноември 2024

Правото за помош и нега од друго лице наскоро ќе се остварува во болницата во Гевгелија

Правото за помош и нега од друго лице наскоро ќе се остварува во болницата во Гевгелија
Гевгелија, 30 септември 2021(МИА) - Општата болница со проширена дејност од Гевгелија доби Решение за почеток со работа на лекарската комисија за остварување на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и за издавање на конзилијарно мислење и наоди за пациентите од општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово. Ова денеска го потврди директорот Митко Крџев, кој изјави дека членовите на комисијата преку обука се запознаа со протоколите за работа. - Моментно правиме проценка со која динамика ќе работи комисијата, а закажувањето на пациентите, кои сакаат да го остварат правото за надоместок, ќе го прават матичните лекари преку Мој термин, рече Крџев. Со формирањето на комисијата во Гевгелија, која би можела да проработи до крајот на идната недела, Крџев очекува да се намали периодот на чекање за жителите од југоисточните општини кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега. им/ар/

Остани поврзан