• вторник, 05 ноември 2024

ПП Левица: Власта именува директор на затвор од ЗНАМ гонет за несовесно работење

ПП Левица: Власта именува директор на затвор од ЗНАМ гонет за несовесно работење

Скопје, 25 јули 2024

На последната Седница на Владата за в.д. директор на КПД Прилеп беше назначен Емил ЈАНЕСКИ, поранешен функционер на СДС, а сегашен член на ЗНАМ. Јанески во 2020 година беше директор на ЈКП „Водовод и канализација“ - Прилеп и против него СВР Битола поднесе КРИВИЧНА пријава за „несовесно работење во службата“ и предизвикување штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари!

Токму тогаш, ДПМНЕ на прес-конференција бараше Јавното обвинителство да реагира и да ги расчисти сомнежите за милионската проневера од Јанески. Очигледно е дека криминалните кадри од СДС се инкорпорираа во ЗНАМ, со цел да добијат АМНЕСТИЈА од Мицкоски преку нивниот влез во власта.

Левица јавно ја повикува Владата на ДПМНЕ, наместо да дели директорски функции на кадрите од СДС којашто сама ги нарекуваше криминални (кои душмански ја краделе државата) - да ги достави документите за нивното криминално работење до Обвинителството и овозможи фер и транспарентна постапка да се докаже дали и за колку е оштетен народниот буџет.

Дополнително, потсетуваме дека Емил Јанески е незаконски назначен за в.д. директор (исто како и Пандов), затоа што тој не е вработен во установата за чиј прв човек се назначува.

Согласно законот, за вршител на должност, исклучително може да се назначи лице само од редот на вработените.

Со почит,

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

Фото: ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан