По судирот на брод и танкер во Северно Море истече керозин, но штетите се ограничени
- Илјадници барели керозин изгореа по судирот меѓу контејнерски брод и танкер во Северно Море, но штетата е ограничена, соопшти компанијата оператор

Лондон, 17 март 2025 (МИА) – Илјадници барели керозин изгореа по судирот меѓу контејнерски брод и танкер во Северно Море, но штетата е ограничена, соопшти компанијата оператор.
Причините за судирот, што се случи на 10 март меѓу контејнерскиот брод и танкерот, кој беше закотвен на околу 20 километри од брегот во Јоркшир, североисточна Англија, сè уште се нејасни.
Инцидентот предизвика масовен пожар на двата брода, што беше локализиран по неколку дена. При судирот загина едно лице.
Танкерот „Стена Имакулате“ (Stena Immaculate), изнајмен од американската војска, превезувал околу 220.000 барели керозин, а при судирот била оштетена една од цистерните, што предизвика загриженост кај еколозите. Но, според властите, следењето на зоната на несреќата покажало дека нема загадување од ниту еден брод.
- Врз основа на процената на спасувачката екипа, потврдено е дека од сударот и пожарот се изгубени се 17.515 барели гориво Џет-A1. Остатокот од товарот е безбеден. Спасувачките екипи утврдија дека обемот на штетата е ограничен на еден резервоар гориво и еден резервоар за вода се наведува во соопштението на американскиот оператор на танкерот „Кроули“. ми/
фото: ДПА