• сабота, 23 ноември 2024

По само четири кола, „Вардар“ му врачи отказ на тренерот Симов

По само четири кола, „Вардар“ му врачи отказ на тренерот Симов
Скопје, 20 септември 2021 (МИА) – Најтрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар“, кој сезонава за прв пат во својата историја игра во второлигашка конкуренција, денеска му врачи отказ на тренерот Горан Симов по серијата лоши резултати, која кулминираше со саботниот пораз на гостувањето кај Велешта од 2:1. „Вардар“ под очекувањата ја почна сезоната во која единствена цел на клубот е враќање во Првата македонската фудбалска лига, и по четири кола е седмопласиран во Втората лига – Запад со само една победа, едно реми и два порази. - Клубот му се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на „Вардар“ и му посакува среќа во понатамошниот тек на кариерата, се наведува во клупското соопштение. Функцијата в.д шеф на стручниот штаб на Вардар ќе ја извршува неговиот досегашен помошник Никола Глигоров, кој ќе дебитира во новата улога в сабота на натпреварот против „Беса“ на домашен терен.ег/фф/

Остани поврзан