• петок, 05 декември 2025

По првпат жена претседател на Советот на Општина Центар Жупа

По првпат жена претседател на Советот на Општина Центар Жупа

Дебар, 4 декември 2025 (МИА) - Советот на Општина Центар Жупа, по првпат ќе го раководи жена, Халиме Сулејман, од Демокртаската партија на Турците, која доби едногласна поддршка.

Сулејман (29) е магистер по економски науки и е вработена во Оптинското основно училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“ во Центар Жупа.

Заблагодарувајќи се на дадената доверба, таа посочи дека ќе работи максимално одговорно, транспарентно и доследно за развој и посветла иднина и просперитет на општината како и подобар живот за сите граѓани без разлика на политичка, верска, национална и каква било друга определба во интерес на сите граѓани.

Во Советот на општината, кој брои девет членови, тројца се од Демократската партија на Турците, по две советнички места имаат СДСМ и Движењето за национално единство на Турците и по едно ВМРО-ДПМНЕ и Партијата за движење на Турците.

Поради необезбеден цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело, во оваа општина ќе има повторување на изборите за градоначалник, на 11 јануари. За повереник со надлежности на градоначалник, Владата го назначи Аријан Ибраим, кој градоначалнички мандат обезбеди во три последователни изборни циклуси. Тој беше кандидат и на 19 октомври и освои 950 гласови, што беше речиси тројно повеќе споредено со неговите противкандидати. вт/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан