• сабота, 28 декември 2024

По пензионерите, албанската Влада ќе исплати новогодишен бонус и за корсници на одредено право од социјалната заштита

По пензионерите, албанската Влада ќе исплати новогодишен бонус и за корсници на одредено право од социјалната заштита

Тирана, 27 декември 2024 (МИА) – Албанската Влада донесе одлука со која на семејствата во социјален ризик, оние кои имаат член на семејство со попреченост и децата без родители, ќе им биде исплатен еднократен финансиски  надоместок од по 150 евра.

Веста ја објави министерката за здравство и социјална заштита, Албана Кочиу, во која наведува дека со новогодишен бонус ќе бидат опфатени 275 илјади семејства и поединци.

-Со најновата одлука на владата, ќе бидат опфатени 275 илјади семејства и поединци кои остваруваат одредено право од социјалната заштита. Фондот што е одвоен за оваа намена е 21 милион евра, односно по 150 евра. Наменети се за семејства во неволја, деца без родителска грижа, лица со посебни потреби, како и оние кои се грижат за нив, објави министерката Кочиу.

Според неа станува збор за солидарна одлука за сите поединци и албански семејства.

Владата веќе исплати новогодишен бонус на 724.933 пензионери и  тоа за оние од првата група, или 511.173 по 100 евра, додека од втората група по 50 евра или 213.760 пензионери.

Деновиве донесе одлука и за пролетен бонус на пензионерите, кој во зависност од групата ќе изнесува 150 односно 100 евра. вт/

фото: Кочиу ФБ

Остани поврзан