• сабота, 28 декември 2024

САД воведoa санкции против Иванишвили, основач на владејачката партија на Грузија

САД воведoa санкции против Иванишвили, основач на владејачката партија на Грузија

Вашингтон, 27 декември 2024 (МИА) - САД воведoa санкции против Бидзина Иванишвили, основач и почесен претседател на владејачката партија „Грузиски сон“, поради поткопување на демократската и евроатлантската иднина на Грузија и работа  во интерес на Русија, соопштија денеска од Стејт департментот.

-Иванишвили и  „Грузиски сон“ ги поткопаа демократските институции, овозможија злоупотреба на човековите права и ограничување на основните слободи во Грузија. Покрај тоа, тие ја закочија евроатлантската иднина на Грузија, иднина што е посакувана од  огромно мнозинство на народот на Грузија и која е пропишана во грузискиот устав, се вели во изјавата државниот секретар Ентони Блинкен.

Тој истакна дека како резултат на дејствата на Иванишвили, Грузија станала ранлива наспроти Русија, која окупира повеќе од 20 проценти од нејзината територија.

Шефот на Стејт департментот ги осуди континуираните брутални репресии врз граѓаните на Грузија како демонстрантите, претставниците на медиумите, активистите за човекови права и опозиционерите.

Блинкен потсети дека САД се заложуваат на тоа да се повикаат на одговорност сите оние кои што ја поткопуваат демократијата и ги прекршуваат човековите права. кб/

 

Остани поврзан