• понеделник, 23 декември 2024

По пауза од еден месец поради железничката несреќа, товарен воз од Атина стигна во Солун

По пауза од еден месец поради железничката несреќа, товарен воз од Атина стигна во Солун

Атина, 30 март 2023 (МИА) – Околу 7.30 часот утрово во Солун пристигна товарниот воз на „Hellenic train“, кој синоќа тргна од Атина, со што по пауза од еден месец, поради несреќата кај Темпи, одново  постепено почнаа да сообраќаат товарните возови на конкретната релација, објави грчката државна телевизија ЕРТ.

Станува збор за воз со околу 20 вагони, што според ЕРТ, пренесувал цевки, а планирано било да бидат доставени уште пред еден месец.

Според истите информации, сите процедури се вршат со мала брзина и со големо внимание, по несреќата кај Темпи на 28 февруари, во која животот го загубија 57 лица, а оттогаш железничкиот сообраќај во Грција не е целосно вратен во нормала.ср/сд/

Остани поврзан