• петок, 05 јули 2024

По затворањето на кинескиот конзулат во Хјустон наводно се палат документи

По затворањето на кинескиот конзулат во Хјустон наводно се палат документи
Хјустон, 22 јули 2020 (МИА) – По затворањето на кинескиот Конзулат во Хјустон, на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како се пали хартија во дворот на објектот. САД и наредија на Кина во рок од 72 часа да го затвори својот Конзулат во Хјустон во Тексас. Пекинг го опиша овој потег како „политичка провокација“, а американскиот Стејт департмент соопшти дека одлуката е донесена „со цел да се заштити американската интелектуална сопственост и приватните податоци“. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин изјави дека овој потег е „неоправдан“. Кусо време потоа на социјалните медиуми почнаа да се објавуваат снимки на палење хартија во канти во дворот на конзулатот, кои ги снимиле неидентификувани сведоци. Телевизиските станици во Хјустон, КПРЦ и КХОУ, објавија дека на локалните пожарникари не им било дозволено да влезат во комплексот за да ја испитаат ситуацијата со пожарот, додека КХОУ пишува дека огновите подоцна биле изгаснати. јт/ https://www.youtube.com/watch?v=UqEcO8WjeA8    

Остани поврзан