• понеделник, 23 декември 2024

По викендот крајбрежјето на велешко езеро „Младост“ преполно со ѓубре

По викендот крајбрежјето на велешко езеро „Младост“ преполно со ѓубре

Велес, 20 март 2023 (МИА) - Крајбрежјето на велешко езеро „Младост“ по викендот е преполно со ѓубре. Овој рекреативен центар освен од велешани за викендите е посетен и од гости од земјава, но и од странство, односно од Швајцарија, Франција, Србија и други земји.

Од ЈКП„Дервен“ апелираат до посетителите сметот да го фрлаат во корпите за отпадоци, а ако нема место во нив тогаш во контејнерите поставени на неколку места покрај езерото „Младост“.

Во разговорот за МИА, посетителите  се жалат дека има малку  корпи за отпадоци,  и дека истите два дена  за време на викенд не се чистат, туку се чека понеделник за да бидат испразнети.

Ана Стојанова за МИА вели дека ЈКП„Дервен“ треба да имаат дежурна екипа која и по два пати дневно за време на викендот ќе го отстранува сметот.

Од ЈКП„Дервен“  воедно апелираат до посетители  да не се оштетува урбаната опрема како клупи и летниковци  и лулапки за децата.

Тие  секоја  работна  недела го отсрануваат сметот, а темелно го чистат и крајбрежјето, патеките и летниковците. Но за време на викендите на крајот од неделата крајбрежјето на велешкото езеро „Младост“ повторно  е преполно со секаков вид на отпадоци, шишиња, лименки, хартија, кеси и пластични чаши. ад/дма/

 

Фото:МИА

Остани поврзан