Почнува 52. Струшки ракометен турнир
- Екипите на домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер вечер ќе го отворат 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“, што до сабота ќе се игра на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.
Струга, 14 август 2024 (МИА) - Екипите на домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер вечер ќе го
отворат 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“, што до сабота ќе се игра
на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.
Свеченото отворање е закажано по завршување на мечот, односно за 19 часот и 55 минути, а
потоа ќе следува натпреварот меѓу бранителот на титулата Вардар и екипата на Тиквеш.
На вториот ракометен ден, Струга ќе се соочи со грчки Паок, по што ќе следува натпреварот меѓу
Тиквеш и Екскилстуна Гуиф.
На 16 август во првиот термин ќе се соочат Вардар и Екскилстуна Гуиф, а потоа ќе играат Еурофарм
Пелистер и Паок.
Последниот ракометен ден ќе почне во 10.30 часот со мечот за петто место, додека
натпреварот за трето место е закажан за 18:30, а големото финале ќе се игра во 20:30 часот. сс/хс/
Фото: плакат