• петок, 22 ноември 2024

Почнува Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ, ќе овозможи ресурси за најмалку искусните организации

Почнува Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ, ќе овозможи ресурси за најмалку искусните организации
Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Клучна е улогата на граѓанското општество во преговарачкиот процес. Токму затоа, во рамките на одлуката за формирање на преговарачката структура за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ предвидовме можност во секоја работна група за секое поглавје и кластер да учествуваат претставници од граѓанското општество, рече денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на настанот посветен на отпочнувањето на Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на Европската Унија. Според Маричиќ, во мала земја како нашата, на граѓанските организации мора да им се даде простор да дадат свој придонес за ефикасност и ефективност на преговорите на начин на кој согласно законската рамка без да се наруши природата на нивната работа ќе учествуваат во овој процес. Вицепремиерот нагласи дека ова е долгогодишна битка за европсктие пари да допрат до малите организации на локално ниво, односно да допрат до секој граѓанин. - Овој конкретен проект е дел од серијата проекти финансирани од ЕУ преку Делегацијата за поддршка на граѓанското оптшество. Овој механизам има тенденција да оди пошироко и подлабоко во законодавната и институционалнаа рамка, како и во административните капацитети за да може да се овозможи да се поттикне соработката на Владата со граѓанското општество и максималното искористување на сите капацитети и можности и надминување на нашите слабости, рече Маричиќ. Во тек, како што посочи, е спроведувањето на стратегијата за соработка и развој на граѓанското оптшество донесена во декември 2021 година со приложениот тригодишен акциски план кој, како што кажа, зброува за приоритетот на Влада и континуираната поддршка за граѓанското општество. - Оваа стратегија е четврта по ред со специфичен фокус на унапредување на средината во која функционира и се развива граѓанското општество чиј придонес е многу важен во придонесот на зајакнување на деморкатското владеење, но и во туркањето на европската агенда во државата и туркањето на државата напред кон членство во ЕУ, заклучи Маричиќ. Шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во државава Штефен Худолин во своето обраќање нагласи дека граѓанскиот сектор има потреба од стратешка поддршка што ќе овозможи непрекинато работење и постојано надградување на капацитетите. - Од таа причина постоење одржливост на граѓанскиот сектор е една од нашите клучни цели како ЕУ тука во Северна Македонија, но и во регионот. Изминатите две децении партнерството меѓу ЕУ и граѓанскиот сектор во Северна Македонија се прошири на сите фронтови, а главнито канал на поддршката кон граѓанскиот сектор е ИПА инструментот за граѓанското општество воспоставен во 2008 година што значеше поддршка за многу предизвици со кои се соочува регионот, рече Худолин. Новиот механизам на финансирање, односно Механизмот за граѓанска отпорност ќе овозможи ресурси за најмалите и најмалку искусните организации, но главни играчи за локалните заедници. За првпат ЕУ дава поддршка на граѓанскито сектор и воведува во натура поддршка за граѓански активности. - Овој механизам треба да послужи за граѓаните навремено да се информираат за процесот на пристапување во ЕУ и реформите во секторот во земјата и влијанието врз животите на граѓаните. Концептот на механизмот овозможува поддршка на активности на територијата на целата земја, каде е тешко организациите да добијат поддршка и износот скоро милион евра е алоциран за поддршка на активности на организациите за социјална кохезијаи опоравување по Ковид-19. Механизмот е дел од проектот техничка помош финансиран од ЕУ, појасни Худолин. Оваа техничка помош, како што беше појаснето на настанот има две компоненти - соработка со институциите во однос на реформите што се одразуваат на подобрување на средината во која работи граѓанското општество и идејата да се стигне до малите граѓански организации кои немаат големо искуство во проектите, а кои сакаат да ги направат промените веднаш. МГО е директна поддршка за иницијативите на граѓанското општество во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“. Овој повик за предлози е финансиран од Европската Унија со вкупен расположлив износ од 900.000 евра. Првпат во земјата, Европската Унија обезбедува ваков механизам за финансирање за директна поддршка на граѓанските организации со цел да им се овозможи ефикасно да се справат со клучните приоритети во нивните локални заедници и да придонесат за реформите во клучните сектори во земјата. Граѓанскиот механизам за отпорност на ЕУ ќе ги поддржи локалните организации да ги спроведат активностите за навремено одговарање на потребите на нивните сограѓани и зајакнување на отпорноста на граѓаните при зачестени општествени промени. см/мс/  

Остани поврзан