• сабота, 16 ноември 2024

Почнува второто издание на фестивалот „Вкуси го југот Гевгелија“

Почнува второто издание на фестивалот „Вкуси го југот Гевгелија“

Гевгелија, 13 септември 2024 (МИА) - Во Гевгелија денеска почнува второто издание на фестивалот „Вкуси го југот Гевгелија“, што ќе трае до недела. Во трите фестивалски денови ќе бидат понудени многу музика, вкусна храна, квалитетни пијалоци, подготвување ајвар и варење ракија, а ќе се одржи и традиционалната гевгелиска „Смоквијада“ на која се подготвува слатко од смокви.

Фестивалот ќе се одржува на паркингот на новиот пазар „Сава Михајлов“, а како што соопштија од Општината, сите посетители во вистинска смисла на зборот можат да вкусот југот на државата. Ќе има поставени штандови со вкусна храна и пијалоци од Гевгелија и регионот, како и домашни уметнички изработки. Ќе има и понуда од печени јагниња на ражен со домашно пиво, вино и ракија.

Во музичкиот дел на фестивалот, покрај настапите на културно-уметнички друштва и музичари од локалната сцена и регионот, ќе настапат Викторија Лоба, Наум Петровски, Влатко Стефановски Трио, Пајак и Лара Иванова, Ристо Самарџиев и пријателите, Дац и Александар, Зијан, ХИТС ТРИО, Паркети, Фиц енд Д Инвизиблс (Студени нозе), а стенд ап настап ќе има познатиот гевгелиски комичар-Дејан Мазларков Диверзија. рт/бак/

Фото: Општина Гевгелија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан