• понеделник, 23 декември 2024

Почнува вториот интернационалниот фестивал на фотографијата „Пунктум“

Почнува вториот интернационалниот фестивал на фотографијата „Пунктум“

Гостивар, 21 октомври 2023 (МИА) – Со изложбата „Толку близу, а толку далеку (So close, so far) попладнево во Гостивар почнува второто издание на Интернационалниот на фотографијата Пунктум (Punctum). Организаторите за ова издание предвидоа три изложби и две предавања.

Првата изложба ќе биде отворена во Центарот за култура „АСНОМ“ на која ќе бидат изложени дела на 31 автор од земјава и странство.

- Со разновидна палета на изложби, работилници и интерактивни искуства, фестивалот има за цел да ги помести границите на креативноста и да ги прошири хоризонтите во светот на фотографијата. Од прикажување на новите таленти до оддавање почит на искусни ветерани. Ова ќе биде убава можност за едно несекојдневно и просветлувачко искуство за сите кои ја ценат моќта на една рамка да раскаже илјада приказни, рекоа од организацискиот одбор на фестивалот.

Љубителите на фотографијата, во галеријата „Култ“ ќе имаат ексклузивна можност да видат дваесетина фотографии на Франческо Чито, еден од најдобрите фоторепортери во светот, чии дела се објавуваат во светски познати медиуми, а во петдецениската кариера известувал од зони зафатени од воени зони.

На третата изложба „Пресура“ во младинскиот ресурсен центар Ај кен (I can) низ фотографии ќе бидат прикажани 11 фото приказни на млади фотографи со мотиви од животот на социјално загрозените лица.

Фестивалот ќе биде заокружен со предавања на Бурим Муфтиу и Елтон Коритари, кои ќе ги пренесат знаењата за значењето од локална и од меѓународна перспектива и историјат за пионерите на фотографијата. згм/дма/

Фото:Плакат

 

Остани поврзан