• четврток, 13 јуни 2024

Почна уредувањето на тротоарите во штипската населба Баби

Почна уредувањето на тротоарите во штипската населба Баби

Штип, 29 септември 2023 (МИА) - Со павер елементи ќе се уредат тротоарите во штипската населба Баби. Во наредните неколку дена ќе се изградат  тротоарите од двете страни на улицата „Лески“.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека со реализирање на овој проект се работи и на зголемување на безбедноста на пешаците пред се на децата, бидејќи улицата води од детската градинка до ООУ „Славејко Арсов“.

-Се наоѓаме во населбата Баби. Од денес па во наредните денови се започнува со третирање на тротоарските површини на улица „Лески“. Оваа улица води од детската градинка во населбата Баби до ООУ „Славејко Арсов“. Од двете страни тротоарските површини ќе бидат истретирани. Ова е долгогодишно барање на жителите, вели Јорданов.

Уредувањето на тротоарските површини во населба Баби е инвестиција вредна околу два милиони денари. вдј/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан