• среда, 12 јуни 2024

Почна скопската средношколска спортска лига 2023/2024

Почна скопската средношколска спортска лига 2023/2024

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска заедно со спортските екипи на скопските средношколци кои наредниве неколку месеци ќе се натпреваруваат во екипни спортови го означија почетокот на градската средношколска спортска лига 2023/2024.

-Градот Скопје останува главен поддржувач на патот кон успехот на младите и успешни спортисти кои се спортски амбасадори кои ги претставуваат Скопје и земјава пред светот. Натпреварите од скопската средношколска спортска лига се играат во четири екипни спортови - одбојка, кошарка, ракомет и футсал во женска и во машка конкуренција, а се натпреваруваат екипи од средните училишта во Скопје, велат од Град Скопје. 

Натпреварите, додаваат, ќе завршат во средината на април наредната година со градското финале и доделување на медали за најдобрите. Скопската спортска средношколска лига ја организира Сојузот на средноучилишен спорт во Скопје, со финансиска и логистичка поддршка во организацијата од Град Скопје.вј/

Фото: Град Скопје

 

Остани поврзан