• понеделник, 12 август 2024

Почна протест пред Владата на Србија поради изречени затворски казни на лица од вчерашните протести

Почна протест пред Владата на Србија поради изречени затворски казни на лица од вчерашните протести

 Белград, 11 август 2024 (МИА) - Пред зградата на Владата на Србија започна граѓански протест поради затворската казна на тројца активисти ученсици во вчерашниот голем протест против ископ на литиум и бор во државата.

Активистот Иван Блејиќ е експресно осуден на 40 дена затвор за нарушување на јавниот ред и мир, а Никола Ристиќ и Јевгеније Јулијан Димитријевиќ добија по 30 дена затвор, исто така за нарушување на јавниот ред и мир.

Поради затворските казни на тројцата активисти, претставникот на организацијата „Не дамо Јадар“, Златко Кокановиќ ги повика граѓаните во 18 часот масовно да се соберат пред зградата на Владата на Србија .зш/

Остани поврзан