Се евакуираат жителите од Белгородската област поради украинските напади
- Жителите на Краснојаружкиот округ во руската област се евакуирани поради украинските напади, изјави утрово началникот на Белгородската област Вјачеслав Гладков
Москва, 12 август 2024 (МИА) – Жителите на Краснојаружкиот округ во руската област се евакуирани поради украинските напади, изјави утрово началникот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.
- Имаме алармантно утро, непријателска активност на границата на областа Краснојаружкиот округ. За да го заштитиме животот и здравјето на нашето население, почнуваме да ги преместуваме луѓето кои живеат во областа на побезбедни места, истакна Гладков.
Тој додаде дека веќе е почната евакуацијата и оти во областа се испратени транспортни возила. ми/
фото: МИА архива