• недела, 22 декември 2024

Полицијата се врати на улиците на Дака по завршувањето на штрајкот

Полицијата се врати на улиците на Дака по завршувањето на штрајкот

Дака, 12 август 2024 (МИА) - Полицијата во Бангладеш денеска ги обнови патролите во главниот град Дака, завршувајќи го еднонеделниот штрајк.

Полицајците се тргнаа од улиците на големиот град од 20 милиони луѓе минатата недела, откако оставката и бегството на експремиерката Шеик Хасина во странство ставија крај на нејзиното 15-годишно владеење.

Полицијата вети дека нема да продолжи со работа додека не им се гарантира безбедноста на должноста, но тие се согласија да се вратат по доцните ноќни разговори со новата привремена влада, предводена од нобеловецот Мухамед Јунус.

-Полициското здружение синоќа го заврши штрајкот. Полицајците денеска се вратија на работа, изјави националниот портпарол на силите Енамул Хаке Сагор, пренесуваат француските медиуми.

Според националниот полициски синдикат, околу 450 од 600 полициски станици во земјата биле цел на подметнување пожари и вандалски напади во текот на изминатиот месец. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан