• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Почна изградбата на тротари во Бедиње, Куманово

Почна изградбата на тротари во Бедиње, Куманово

Куманово, 3 март 2025 (МИА) - Почна изградбата на тротоари на улицата „11 Ноември“ во Куманово, информираа денеска надежните од општината.

- Во тек е изградба на пешачки патеки-тротоари на улица „11-ти Ноември“ во населба Бедиње во Куманово, соопшти денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Жителите на населбата бараа изградба на тротоари особено во делот во близина на големите производни капацитети. Тие се жалат дека на оваа делница, регионален пат кон општина Липково фреквенцијата на возила е голема, а пешаците немаат каде безбедно да се движат.

За изградбата на тротоарите кај „Бетоњера“ одвоени се скоро 7, 5 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност. Според договорот со избраната компанија на тендер се очекува изградбата на тротарите да заврши за еден месец.ам/са/

Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан