• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Почна изградбата на детско и спортско игралиште во Куманово

Почна изградбата на детско и спортско игралиште во Куманово

Куманово, 25 март 2025 (МИА) - Почна изградбата на детско катче во населбата Зелен Рид во Куманово, соопштија денеска надлежните. Наредниот период ќе биде поставена на гумена тартан подлога. Во тек е асфалтирање на ново спортско игралиште во основното училиште „Магдалена Антова“. Таму ќе биде поставена тартан подлога и заштитна ограда.

- Продолжуваме на други локации во градот согласно барањата на граѓаните, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Ова е едно од петте детски катчиња кои ќе се изградат наредниот период како и едно спортско игралиште во близина на основно училиште во населбата „Карпош“. Од општинскиот буџет за оваа намена одвоени се речиси 15 милиони денари.

Предвидена е изградба на пет детски катчиња и на едно спортско игралиште. Предвидена е и изградба на две игралишта на кејот, од кои едното ќе биде инклузивно, второто ќе биде лоцирано на самиот почеток на кејот. Граѓаните во неколку наврати бараа да се постават детски катчиња во населбите и во поширокото централно градско подрачје.

Пред две години општината изгради четири детски катчиња во рурални средини. Тогаш беа одвоени над 4, 7 милиони денари. Во Куманово има неколку детски катчиња, но урбаната опрема, речиси секаде е уништена, особено на градскиот кеј и кај Соколана каде пак во тек е изградба на паркот. ам/дма/


Фото: Општина Куманово

 

Остани поврзан