• петок, 22 ноември 2024

Почна изградбата на булеварот од Струмица до селото Дабиле

Почна изградбата на булеварот од Струмица до селото Дабиле

Струмица, 14 септември 2023 (МИА) - Почна изградбата на булеварот од излезот на Струмица до селото Дабиле кој води кон граничниот премин Ново Село на македонско-бугарската граница во должина од 2 километри.

На почетокот на работите присуствуваше градоначалниот Костадин Костадинов, кој истакна дека станува збор за заедничка инвестиција со Јавното претпријатија за државни патишта и Општината.

- Ние ветивме три нови булевари во Струмица и еве сме денеска на патот Струмица -Дабиле, еден од најфреквентните во државата во однос на сообраќајот и започнуваме со решавање на тој проблем. Обврските на општина Струмица се во однос на атмосферската канализација, а другата обврска е на Јавното претпријатие за државни патишта за асфалтирање на самата делница и нормално потоа ние обезбедуваме велосипедски патеки, пешачка патека и осветлување до населеното место Дабиле, изјави Костадинов.

Сообраќајот заради изградбата на новиот булевар се одвива по обиколница, а градоначалникот Костадинов упати апел за трпение до граѓаните додека трае изградбата која ќе се одвива на делници за да може сообраќајот да се одвива нормално.

Вкупната ивестиција за изградбата на булеварот чини околу 5 милиони евра од кои два обезбеди Општината, а три милиони евра се од ЈП за државни патишта. рт/ар

ФОТО/МИА

Остани поврзан