• понеделник, 29 април 2024

Почина Шаќир Алити, прв градоначалник на Тетово по осамостојувањетo

Почина Шаќир Алити, прв градоначалник на Тетово по осамостојувањетo

Тетово, 29 март 2024 (МИА) - Почина Шаќир Алити, првиот градоначалник на Тетово по осамостојуавњето на Македонија, информираше Општина Тетово. Алити беше градоначалник од 1991 до 1997 година.

-Со длабока тага ја дознав веста за смртта на добриот човек, ангажиран граѓанин, поранешниот прв градоначалник на општина Тетово по осамостојувањето на Северна Македонија, Шаќир Алити. Алити даде драгоцен придонес во политичките, економските и општествените процеси во Тетово. Како градоначалник на општина Тетово одигра суштинска улога во консолидацијата на локалната демократија. Во име на граѓаните на општина Тетово и во мое име, на семејството Алити му изразувам најдлабоко и најискрено сочувство, напиша актуелниот градоначалник Биљал Касами, пренесува канцеларијата за односи со јавноста.

Алити починал на 83 годишна возраст во родното село Глоѓи. Во 1991 годиба беше дел од Партијата за демократски просперитет (ПДП) која ја водеше Невзат Халили.ас/са/

Фото: Општина Тетово 

Остани поврзан