• петок, 28 јуни 2024

Почина уште едно лице по семејно труење во Скопје, издадена наредба за обдукција

Почина уште едно лице по семејно труење во Скопје, издадена наредба за обдукција

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје.

Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување.

-Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејствија, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство. дма/лв/

Фото:МИА архива

Остани поврзан