• понеделник, 20 мај 2024

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) - По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, во касарната ,,Илинден“ во Скопје со почеток во 18.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија, од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Претходно, во попладневните часови во период од 15.00 до 18.00 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија, информираат од Генералштабот на Армијата. ев/

Остани поврзан