ПОЦ: За седум дена санкционирани 237 непрописно паркирани возила во Општина Центар
- Во последните седум дена, биле санкционирани 237 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар, известува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.
Скопје, 25 декември 2023 (МИА) – Во последните седум дена, биле санкционирани 237 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар, известува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.
- Во периодот од 18 до 24 декември, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 127 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 110 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат од ЈП ПОЦ.
Оттаму, посочуваат дека заедно со Општина Центар, во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. ир/са/
Фото: ЈП ПОЦ