• петок, 28 јуни 2024

Потпишување договори за изработка на техничка документација за инфраструктурни проекти во општините

Потпишување договори за изработка на техничка документација за инфраструктурни проекти во општините

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Десет општини и три центри за развој на планските региони денеска ќе потпишат договори за изработка на техничка документација за имплементација на инфраструктурни проекти.

Станува збор за активност во рамки на проектот „Градење на општинските капацитетите за имплементација на проекти“, финансиран од Шведска и од Бирото за регионален развој, што го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

На настанот најавено е обраќање на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, раководителот на одделот за развојна соработка во СИДА, Микаел Атерог, директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи и на постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан. бак/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан