После шеесетина години во ЦК „Бели мугри“ инсталирана комплетно нова кино опрема
- Во Центарот за култура „ Бели мугри“ во Кочани неделава инсталирана е комплетно нова, современа и мобилна кино- опрема од реномирани производители од САД, Јапонија и Австрија во вредност од 1 2000 000 денари, набавена преку донација од Агенцијата за електронска комуникација. Ваквото подновување во кочанската Национална установа со ново платно, ласерски проектор, миксета, озвучување се прави после повеќе децени. Платното и кино проекторот што се користеа досега датираат од шеесетите години на минатиот век.
Кочани, 14 февруари 2026 (МИА) - Во Центарот за култура „ Бели мугри“ во Кочани неделава инсталирана е комплетно нова, современа и мобилна кино- опрема од реномирани производители од САД, Јапонија и Австрија во вредност од 1 2000 000 денари, набавена преку донација од Агенцијата за електронска комуникација.
Ваквото подновување во кочанската Национална установа со ново платно, ласерски проектор, миксета, озвучување се прави после повеќе децени. Платното и кино проекторот што се користеа досега датираат од шеесетите години на минатиот век.

-По спроведената јавна набавка и склучениот договор со Трговското друштво за производство, трговија и услуги „ВИСИОН“ ДООЕЛ Скопје, се изврши инсталирањето на новата современа ласерска опрема и новото филмско платно. Во наредните денови ќе следува тест на функционалноста на опремата и обука за ракување со новата техника, соопштуваат од ЦК „Бели мугри“.

Истовремено, во тек се и подготовките околу креирање на редовен филмски репертоар, со цел кочанската публика да има разновиден избор и по вкус на сите возрасни категории.
-Се надеваме дека со осовременување на опремата и подобрувањљето на условите во салата, повозрасната публика ќе се врати, а помладата публика ќе ја почувствува магијата на големото филмско платно во кино сала и ќе стекне нови културни навики, вели Габриела Стефановска, в.д. директор на ЦК „Бели мугри“.

Од установата најавуваат дека навремено ќе ја информираат јавноста за терминот на првата филмска проекција и за редовен репертоар на проекции во наредниот период. ис/аа/
фото: МИА