Везенков: Се работи на зголемување на бројот на комунални инспектори
- Општина Штип има двајца комунални инспектори, а задоволителна е бројката и во останатите општини, вели Борче Везенков претседател на Здружение на комунални инспектори и воедно комунален инспектор во општина Штип. Тој посочува дека недостатокот на овој кадар низ општините во земјава ќе се надмине, бидејќи во моментов има лица кои полагаат, за да земат лиценци, со што ситуацијата драстично би се подобрила.
Штип, 14 февруари 2026 (МИА) – Општина Штип има двајца комунални инспектори, а задоволителна е бројката и во останатите општини, вели Борче Везенков претседател на Здружение на комунални инспектори и воедно комунален инспектор во општина Штип. Тој посочува дека недостатокот на овој кадар низ општините во земјава ќе се надмине, бидејќи во моментов има лица кои полагаат, за да земат лиценци, со што ситуацијата драстично би се подобрила.
-Во моментов и во другите општини има комунални инспектори коишто и се во постапка на полагање и во постапка на земање на лиценца. Од 1.1.2026 година имаме нов Закон за инспекциски надзор и во однос на новиот Закон се додадени нови работи кои претходно ги немаше, а се изготвуваат и подзаконски акти, промена на нови записници, на нови решенија кои самите инспектори треба да ги применат. Во однос на новиот Закон планираме во март да имаме нови обуки и на централно ниво и да ги решаваме проблемите, изјави Везенков.
Тој вели дека измените во законот се од технички аспект, но се значајни за комуналните инспектори, а целта е да се надминат проблемите.
-Преходната година, на пример, во Штип најголем предизвик за комуналните инспектори беше собирањето на смет, бидејќи граѓаните ѓубрето го оставаа и до контејнерите, а дополнително фрлаа и кабаст отпад, мебел, на места кои не се за таа намена. Слична ситуацијата беше и во Струмица и Босилево. Година дена подоцна се бара помдрнување од мртва точка, со помош на измените во законот, вели Везенков.
Претседателот на Здружението на комунални инспектори, Везенков изјави дека на ниво на државата лани имало околу 150 комунални испектори, со тенденција оваа бројка да се зголемува. вдј/лв/
Фото: МИА