ОЈО Куманово изврши увид во село Челопек и нареди обезбедување докази за понатамошно вештачење
- Кумановското јавно обвинителство изврши увид во село Челопек и даде наредби за обезбедување докази и траги кои ќе се вештачат, соопшти денеска обвинителството. Од основното јавно обвинителство Куманово укажуваат дека едно лице е лишено од слобода под сомнение дека сторил кривично дело убиство. Од обвинителството наведуваат дека постојат сомневања дека лицето извршил и други кривични дела, за што исто така се преземаат дејствија.
Куманово, 14 февруари 2026 (МИА) - Кумановското јавно обвинителство изврши увид во село Челопек и даде наредби за обезбедување докази и траги кои ќе се вештачат, соопшти денеска обвинителството. Од основното јавно обвинителство Куманово укажуваат дека едно лице е лишено од слобода под сомнение дека сторил кривично дело убиство. Од обвинителството наведуваат дека постојат сомневања дека лицето извршил и други кривични дела, за што исто така се преземаат дејствија.
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот. Дадени се повеќе наредби за обезбедување докази и траги од чие место кои ќе бидат предмет на вештачење. Едно лице е лишено од слобода под сомненија дека е сторител на кривичното дело – убиство. Постојат сомненија дека истото лице во претходниот период било извршител и на други кривични дела во кумановско за што по наредба на јавен обвинител интензивно се преземаат дејствија за испитување на околностите и поврзаноста на настаните, соопшти денеска ЈОРСМ.
По целосно испитување на настаните, ќе биде поведена соодветна постапка.

Полицијата соопшти дека уапсила дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во домот на жената, физички ја нападнал и со перница ја задушил. ам/аа/
Фото: МИА