• вторник, 25 јуни 2024

Поранешниот шеф на ЕИБ е под истрага за корупција

Поранешниот шеф на ЕИБ е под истрага за корупција

Луксембург, 24 јуни 2024 (МИА) - Поранешниот шеф на ЕИБ е под истрага за корупција и злоупотреба на влијание - обвиненија што тој ги отфрла како „апсурдни“, изјави денеска неговиот адвокат.

Вернер Хојер беше шеф на Европската инвестициска банка (ЕИБ) 12 години до 2023 година.

Канцеларијата на европското јавно обвинителство (ЕППО) во соопштение нагласи дека е во тек истрага во која се вклучени „две лица осомничени за корупција и злоупотреба на влијание, како и за злоупотреба на фондови на ЕУ“.

ЕППО со седиште во Луксембург не ги наведува имињата на двете лица, но адвокатот на Хојер (72) потврдил дека германскиот економист бил предмет на истрага. зш./

Остани поврзан