• петок, 22 ноември 2024

Порака од претседателот Пендаровски по повод 27 јануари, Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 27 јануари, Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот

Скопје, 27 јануари 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски упати порака по повод 27 јануари, Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот.

-Денешниот ден сведочи за едно од најстрашните злосторства во историјата на човештвото и нè потсетува до што сè може да доведе нетрпеливоста и непочитувањето на различностите меѓу луѓето. Наша должност е да ја сочуваме вистината за Холокаустот, споменот за неправдите и милионите жртви, и да се спротивставиме на секое зло кое потекнува од стереотипите, стравот и меѓусебното неразбирање, бидејќи само така ќе ја задоволиме правдата и ќе имаме мир. За таа цел, да продолжиме да ги воспитуваме новите генерации во духот на моралните вредности, почитување на различностите и човековите права на секој поединец, и да градиме општества во коишто нема да има простор за дискриминација, ксенофобија, антисемитизам, антициганизам и расизам“, се наведува во пораката од претседателот Пендаровски. ев/

ФОТО: Архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан