• сабота, 17 август 2024

Поради дефект, без вода дел од улицата „Брсјачка Буна“

Поради дефект, без вода дел од улицата „Брсјачка Буна“

Скопје, 16 август 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Брсјачка Буна“ број 102, денеска од 10:30 часот со прекинато водоснабдување се дел од корисниците од оваа улица, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Корисниците ќе бидат без вода за пиење сѐ до завршување на работните активности. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан