Температури до 36 степени, попладне пороен дожд и грмежи
- Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени, со УВ индекс 7.
Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени, со УВ индекс 7.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Во попладневните и вечерните часови, претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.
Ви наредните денови во попладневните и вечерните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.лв/са/
фото: МИА архива